Списокот во раце на партиите-Кога се распушта Собранието?
Како што соопштивме според пресекот што го направи ДИК 1.770.736 граѓани ќе можат да гласаат на изборите на 11 декември или 9.392 гласачи помалку од последните парламентарни избори во 2014 година.
Според роковникот кој го објави ДИК, Собранието неофицијално би требало да се распушти на 12 октомври, а на 21 ноември би требало да започне изборната кампања
На 17 октомври пак радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) се должни да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес, додека на 27 октомври ДИК мора да го стави на јавен увид избирачкиот список. Јавниот увид ќе трае 20 дена, до 16 ноември.
Роковниот покажува дека на 11 ноември мора да бидат објавени описите на изборните единици.
Според изборните единици намалување на бројот на избирачи има во првата и втората изборна единица а речиси 8000 гласачи има во изборните единици кои опфаќаат избирачки места во Скопје, Куманово и околината.
На 18 ноември пак листите со кандидати на пратеници треба да се објават во дневен печат.
22 ноември е датум кога ДИК ќе им го достави официјалниот избирачки список на политичките партии, а тие, во рок од пет дена, до 27 ноември, мора да достават барање за запишување, дополнување или бришење податоци
Ако помине тој список кај партиите, тогаш следно е потпишување на Избирачкиот список од ДИК на 27 ноември.
На 8 декември веќе ДИК би требало да го предаде изборниот материјал на општинските изборни комисии а на 10 декември завршува изборната кампања и почнува изборниот молк.
На 11 декември, доколку се оди според постигнатиот договор, граѓаните ќе излезат на избори и ќе гласаат за нова влада и премиер.
