Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПИСОКОТ СО СПОРНИ ГЛАСАЧИ БАВНО КОН РЕАЛНИ: Бројките на „фантоми“ се намалуваат

СПИСОКОТ СО СПОРНИ ГЛАСАЧИ БАВНО КОН РЕАЛНИ: Бројките на „фантоми“ се намалуваат

Уште 19 дена имаат спорните гласачи да го докажат идентитетот приложувајќи документ за идентификација со што ќе и докажат на ДИК дека не се „фантоми“.

Досега според информациите на ДИК нема многу голем одѕив меѓутоа повеќето -453 се пријавиле преку веб - апликацијата на Комисијата.

ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ВИЕ СТЕ НА НЕГО: Објавен списокот на ДИК со спорни гласачи

595 граѓани е бројката кои побарале ДИК да ги тргне од листата на спорни гласачи. Само 142 се пријавиле лично.

Гледано по општини најмногу пријавени има во  општина Чаир, следат Аеродром, Карпош и Кичево.

Сите оние лица кои ќе се најдат на оваа листа на ДИК имаат можност повторно да бидат запишани во Избирачкиот список а се што треба е да се пријават до ДИК и на тој начин ќе го докажат идентитетот.

Доколку спорните гласачи  не се пријават во предвидениот рок кој е 25 дена за да ги расчистат сите неправилности во однос на податоците, ДИК ќе има право да ги избрише.  Станува збор за околу 39.502 гласачи.

Слично

Поврзани вести