Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПИСОКОТ Е ИСТ: Ќе успее ли Јанева да издејствува целосен тим?

СПИСОКОТ Е ИСТ: Ќе успее ли Јанева да издејствува целосен тим?

Вчерашната седница на Советот на Јавни обвинители без образложение беше презакажана за денеска претпладне.

Специјалната обвинителка Катица Јанева вчера го доставила списокот со истите 14 јавни обвинители, а разгледувањето е можно да се случи и во текот на денешната седница.

Претходно до Советот на јавни обвинители беше испратен допис од страна на четирите најголеми партии со кој се бара да се избере целиот тим предложен од страна на Катица.

Од страна на Советот, барањето да се изберат и останатите седум обвинители е оценето како политички притисок.

Дали ќе бидат изберени и другите обвинители ќе се знае на седницата на Советот што ќе се одржи денеска.

Да се потсетиме дека пред само пет дена тимот кој Јавната обвинителка Катица го предложи беше преполовен од Советот на ЈО и беа изберени само седум обвинители.

„Прекршен е договорот“ вака обвинителката Катица Јанева ја дочека одлуката да работи со преполовен тим .

Што се однесува до финансискиот план тој е одобрен од  Специјалното јавно обвинителство.

Слично

Поврзани вести