СПИСОК НА СРАМОТ: Хрватска ги објавува работодавачите кои не исплаќаат плата
Околу 55.000 работници во Хрватска не зеле плата во последните три месеци. Ова ги поттикна институциите да објават црна листа на работодавачи кои не исплаќаат плата.
Списокот го потдготви хрватското Министерство за труд, а се проценува дека на него се наоѓаат околу 10.000 фирми, од кои дел се во блокада или имаат само еден вработен.
Ќе се проверува имотот на сопствениците на компаниите и зошто, ако не можат да исплаќаат плати, не се во претстечајна постапка или стечај.
Овие фирми нанесуваат штета на хрватскиот пензиски фонд, бидејќи согласно хрватските закони, на вработените им тече стаж иако газдите за нив не уплаќаат ниту придонеси.
Слично
