Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спикерот Вељановски го честита Националниот ден на Власите

Спикерот Вељановски го честита Националниот ден на Власите

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељановски упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во државата по повод Националниот ден на Власите – 23 Мај.

Тој наведува дека сo одбележување на овој празник, го афирмираме вековното постоење на влашката заедница која е тесно поврзана со целокупната историја на македонскиот народ и борбата за независна држава.

„Вашите традиционални обележја се дел од целокупното културно богатство на нашата држава. Тука мора да се истакне придонесот на припадници на влашката етничка заедница во Република Македонија, бидејќи нивните дела се опфатени во сите сфери на општествено делување. Наша цел е и понатаму да го унапредуваме заедничкиот соживот со сите етнички заедници и нивната верска определеност, бидејќи тоа ни дава сигурност кон просперитет на нашата татковина“ - пишува Вељановски во честитката.

Наша должност како граѓани на Република Македонија, се истакнува во честитката, е да работиме за градење на европска и демократска држава во која се промовира недискриминацијата и се овозможува еднаквост за сите граѓани, додава Вељановски.

Слично

Поврзани вести