Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спикерот нема уставни можности да свика седница

Спикерот нема уставни можности да свика седница

Спикерот Трајко Вељановски нема уставни, законски и деловнички можности да свика седница, информираат од кабинетот на Вељаноски.

„Примив иницијатива со која се бара свикување на итна седница на Собранието за покренување постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Со Уставот не е утврдено мандатот на пратениците во Собранието да продолжи во случај на распуштање на Собранието, ниту е предвидено во таков случај тие да продолжат со должноста. Јас како претседател немам уставна или законска можност да закажам седница, верувам дека ова добро го знаат колегите пратеници“ - се вели во соопштението од кабинетот на Вељаноски.

Повеќе партии бараа да свика итна седница на која ќе бараат одговорност од Иванов.

Слично

Поврзани вести