Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спикерот ќе ги распише изборите на 15 април, потврдуваат од кабинетот

Спикерот ќе ги распише изборите на 15 април, потврдуваат од кабинетот
Собранискиот спикер,  Трајко Вељаноски ќе ги распише изборите на 15 април, велат од неговиот кабинет. Вељаноски ова го кажал во своето последно интервју и остануваат на тој став. Оваа дополнителна недела била Вељаноски да покаже конструктивност и на ДИК да и даде дополнително време за да го заврши прочистувањето на избирачкиот список. „Во оваа пригода сакам да апелирам до секој од вас, до институциите, до политичките субјекти, да го дадат својот придонес за претстојните предвремени парламентарни избори да поминат во фер и демократска атмосфера, со што уште еднаш ќе потврдиме дека ги почитуваме и споделуваме европските вредности“- пишува во соопштението од кабинетот на спикерот. Од опозицијата велат дека една недела е малку време за да се завршат сите проверки на избирачкиот список,  за да има услови за кредибилни услови.
Слично

Поврзани вести