Специјалните обвинителки храбри во очите на германските медиуми
Дека покажаа храброст специјалните обвинителки на чело со Катица Јанева признава и германскиот печат.
„Македонија: Недопирливите против државната мафија“ е насловот на репортажата која осамна во германски „Дер Шпигел“.
Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска покажале храброст при истражувањетона случаи како изборните измами, афера со прислушување, корупција, во кои е вплеткана политичката елита во Македонија пишува во статијата .
Шпигел пишува: „Станува збор за изборна измама, афера за прислушување, корупција и многу повеќе - истраги за еден речиси непрегледен комплекс од криминални махинации на авторитарно- националистичкиот режим на Никола Груевски. Тој веќе десет години е моќната личност во Македонија. Потребна е храброст во овој режим отворено да се искаже сопственото мислење. Трите јавни обвинителки покажуваат храброст“.
Авторот на статијата се осврнува и на првата истражна постапка која ја започна СЈО (Титаник) алудирајќи на фактот дека Катица Јанева на прес конференцијата покажала бескомпромисност документирајќи го тоа со нејзините изјави.
За потсетување, Катица тогаш рече: „Правдата ќе победи“, „ Се чувствувам слободна и силна зашто на моја страна го имам уставот и законите“.
Меѓутоа, место во германските медиуми најде и претседателот Ѓорге Иванов со последното интервју за весникот „Билд.
