Економија, финансии, бизнис

Контакт

Специјалните обвинителки го тресат светот: Три жени страв за македонската политичка елита

Специјалните обвинителки го тресат светот: Три жени страв за македонската политичка елита

Светските медиуми повторно го вперија прстот во Македонија.

БиБиСи со анализа на македонското Специјално јавно обвинителство ги нарече трите специјални обвинителки Јанева, Фетаи и Ристовска страв за македонската политичка елита и хероини за демонстрантите кои протестираат во оваа мала балканска земја – а некои од нив ги нарекуваат овие три дами како Чарлиевите Ангели на Македонија.

Текстот за Специјалното јавно обвинителство е насловен „Чарлиевите Ангели кои вистински се борат со криминалот.

Според „Би-би-си“ Јанева сега можеби е најславната жена во земјата и дека е ставена на главната сцена во турбулентната поранешна југословенска република. Нејзината нова работа е да ги истражи тврдењата за злоупотреба и корупција кои произлегоа од огромниот скандал со прислушувањето.

„Јанева, жена со лелеава коса и широка насмевка, обично е придружувана од две помлади заменички. Ленче Ристовска е славјанка, а Фатиме Фетаи припаѓа на албанското малцинство кое сочинува четвртина од популацијата во Македонија. Заедно тие се моќен симбол на заедништво во земјата која се уште е полна со меѓуетнички тензии и која беше на раб на граѓанска војна во 2001. Ристовска е кул, прибрана и русокоса со леденосини очи, а Фетаи, со катран црна коса и со црвен кармин, е славна за нејзината огнена реторика. Некои триото го нарекуваат Македонските Чарлиеви ангели по тешката но гламурозна борба против криминалот како во филмови и тв серии“, пишува „Би-би-си“.

Анализата додава дека ако специјалните обвинители не опстојат постои опасност од поголем кофликт.

„Ако специјалните обвинители не опстојат, некои стравуваат дека балоните со боја може да бидат заменети со друго оружје – во земја со слаби институции и мало искуство од демократија која е на фронтовата линија на европската бегалска криза“, заклучува „Би-би-си“.

Оригиналниот текс може да го прочитате тука.

Слично

Поврзани вести