Економија, финансии, бизнис

Контакт

Специјалните обвинители во акција во Централен регистар: се бараат докази за перење пари!

Специјалните обвинители во акција во Централен регистар: се бараат докази за перење пари!
Од доцна попладнево полициски сили и лица од Специјалното обвинителство, се во зградата на НБРМ каде е сместен и Централниот регистар. Веста ја објави прво АЛСАТ М. На упатените прашања до Специјалното јавно обвинителство, за Алсат М потврдиле дека нивни истражители помогнати од полицијата се присутни во зградата на НБРМ поради судска наредба за одземање на документи од Централниот регистар на Македонија. Како што јавува, пак Фокус, станува збор за истрага поврзана со кривично дело за перење пари. СЈО, според Фокус упаднале вечерва во обид да спречат сокривање или уништување на докази. Не се открива за кој предмет се работи. Уништување докази е исто така кривично дело. Истражителите ќе останат во зградата на СЈО во текот на ноќта.
Слично

Поврзани вести