Специјалниот обвинител, главна тема на денешните обраќања на Груевски и Заев
Исполнување на договорот од Пржино и избор на специјален јавен обвинител до определениот рок, овие теми беа фокус на денешните празнични обраќања на премиерот Никола Груевски и опозицискиот лидер Зоран Заев.
Премиерот рече дека како што е договорено така треба и да се реализира.
,,Договорот за избор на специјален јавен обвинител треба да се реализира онака како што е договорен, без додавање или одземање. Тој обвинител треба да биде автономен и не смее да биде на никаков начин попречуван во неговата работа. - рече Груевски
,,Специјалниот јавен обвинител да се избере до договорениот рок", порача Заев. Тој потенцираше дека специјалниот обвинител ќе треба да отвори постапки за како што рече, сите криминали кои произлегуваат од прислушуваните разговори.
Заев рече дека до крајот на годината очекува Груевски да си поднеси оставка.
