СПЕЦИЈАЛКИТЕ ЗАБРЗАНО РАБОТАТ: Што следи по „Титаник“?
“Ве известуваме дека Специјалното јавно обвинителство отвори 10 кривични предмети од областа на гласање, избори, човекови права и слободи“. Прв случај е “Титаник““ - со овие зборови специјалната обвинителка Катица Јанева ја започна операцијата за истраги врз основа на прислушуваните материјали. Јанева најави дека во предистражна постапка се два случаи “Маѓар Телеком“ и “Надеж“. Во очекување е одлука дали ќе биде преземен и “Ровер“. “Фактор“ преку две анализи ги систематизира случаите кои поттекунуваат од прислушуваните материјали а за кои може да биде отворена и покрената истрага.
Случај “Пуч“
Во случајот „Пуч“ за шпионажа и насилство врз највисоки државни органи обвинети се пет лица. Поранешниот разузнавач Зоран Верушевски е првообвинет, неговата сопруга Соња Верушевска, службеникот во општина Струмица Бранко Палифров, а како четвртообвинети се јавуваат лидерот на СДСМ Зоран Заев и вработениот во МВР, Ѓорги Лазаревски.
Тимот на Специјалното јавно обвинителство на почетокот од февруари го започна увидот во доказите за случајот „Пуч“ кој е отворен во Основниот суд Скопје 1. Како што најавија од СЈО, во врска со овој случај ќе врши увид во пишаните докази, аудио-визуелни докази како и сите останати списи од предметот.
На последното рочиште за „Пуч“, на 14 јануари, Јанева побара од Судот одложување на подолго време поради потребата да извршат увид во доказниот материјал.
[caption id="attachment_201111" align="aligncenter" width="640"]
Дали на обвинителското столче ќе седне друга постава?[/caption]
„Во однос на доказите не ни е дозволено да ги земеме и затоа мора да доаѓаме. Ова е нова пракса на Кривичниот суд, бидејќи претходно јас како обвинител сум ги добивала доказите во моето матично обвинителство и сум можела да вршам увид во нив. Логично е да можам слободно да имам увид во доказите бидејќи тие се доставени од Јавното обвинителство и согласно новиот ЗКП тие треба да бидат дадени повторно доколку ги побараме. Бидејќи судот тоа не го удоволува, ние го почитуваме и ќе доаѓаме тука“, рече Јанева по одложувањето на рочиштето за „Пуч“.
Од Кривичниот суд возвратија дека кога се работи за обемен доказен материјал, токму заради безбедноста на доказите истите не се доставуваат до странките, а наместо тоа се дозволува увид во предметот во просториите на судот.
„На Обвинителот во конкретниот предмет му е дозволен увид во списите на предметот уште од 29 декмври, а судот го прифати и предлогот на обвинителот за одложување на главната расправа заради дополнително време за увид во доказите, на што не се противеше ниту одбраната“, посочија од Судот.
Обвинетите се товарат за шпионажа, неовластено снимање, како и насилство спрема највисоки државни органи. Сите обвинети во случајот се во притвор освен Зоран Заев на кој му беше одземен пасошот, што неодамна му е вратен.
Случај “Убиството на Нешковски“
Еден од потешките случаи кои предизвика голем револт во јавноста, особено по објавувањето на преслушуваните материјали е случајот “Нешковски“.
[caption id="attachment_157950" align="aligncenter" width="620"]
Убиството на Мартин ја крена на нозе целата македонска јавност, особено младината, која го произведе слоганот „Нема правда, нема мир!“[/caption]
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на почетокот од месецов потврди дека нејзиниот тим го испитува случајот за Мартин Нешкоски, кој беше претепан до смрт од полицаец на должност за време на прослава на ВМРО-ДПМНЕ на скопскиот плоштад пред 4 години. Предметот за Нешкоски е поднесен до Специјалното обвинителство на барање на братот на починатото момче.
Случај “Монструм“
Случајот “Монструм“ во јавноста беше оценет како процес на деценијата кој заврши со пресуди и доживотни казни за извршителите на масакрот на Смилковското езеро на 12 април 2012 година.
Овој случај, кој по својата бруталност ќе остане длабоко врежан во историјата, со убиството на четири лица, од кои три момчиња, според опозициската СДСМ е дел прислушуваните материјали. Опозицискиот лидер Зоран Заев во неколку наврати најави дека ќе ги објави снимките поврзани со настаните кај Смилковското езеро, но на крај тие зваршија во Специјалното јавно обвинителство од кое зависи дали ќе утврди основ за покренување на случај, односно истрага.
[caption id="attachment_108211" align="aligncenter" width="564"]
Дали во затвор се наоѓаат вистинските убијци на недолжните момчиња?[/caption]
Алил Демири, браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Aзири и Сами Љута со правосилна пресуда на Апелациониот суд Скопје се осудени на доживотна казна затвор за петкратното убиство што на 12 април 2012 година, Велики Четврток, се случи кај Смилковското езеро. Единствено oбвинетиот Сејди Рами беше ослободен од обвинение бидејќи Судот не пронашол цврсти докази што посочуваат на негова инволвираност во настанот. Во декември 2015 година, Апелационот суд Скопје, одлучувајќи по жалбите на Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и обвинетите, ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1.
Случај “Космос“
Прислушуваните материјали за уривањето на комплескост “Косомос“ беа објавени на 1 ви февруари 2015 година. На снимките, според опозициската СДСМ, се слушаат гласовите на поранешниот премиер Никола Груевски и екс министерот за транспорт Мила Јанакивески, кои според партијата го договараат уривањето на Космос. И давјцата поранешни функционери ги негираа обвинувањата. Јанакиевски оцени дека не само што е постаувано во согласност со законот, туку и дека опозицијата спорведува монтиран процес, на странски служби.
“Градежните инспектори утврдиле дека инвеститорот гради објект кој е повисок за метар и половина и со тоа отспатува од предвиденото во проектот. Во два наврати Министертвото за транспорт и врски му ги уважи жалбите на Цаноски за барањата за локациски услови и одобрението за градба. Со самиот факт дека Цаноски после утврдувањена фактичката состојба дека изградениот објект не е во согласност со проектот побара да не му се урива туку во текот на градбата да го смени проектот, за што и самиот тој изјави на медимуите, потврди дека изградил објект кој отстапува од првичниот проект“, рече министерот за транспорт и врски.
[caption id="attachment_13956" align="aligncenter" width="488"]
Случајот „Космос“, според разговорите покажа невидена ароганција во бизнисот и желба за одмазда. Случајот е и пред судот во Стразбур![/caption]
Бизнисменот Фијат Цаноски откако ги слушна прислушуваните материјали изјави дека тие се само потврда дека уривањето на објектот Космос била политичка одмазда. Случајот заврши пред судот во Стразбур каде се бара отштета од 68 милиони евра. Цаноски очекува дека наскоро ќе има позитивен исход и од поднесената тужба во судот во Стразбур, но истовремено и Специјалното јавно обвинителство да оформи предмет по преземените материјали.
Утре: Кои се другите случаи што ги истражува СЈО?

Слично