Економија, финансии, бизнис

Контакт

Специјален германски пратеник ќе ја решава политичката криза во земјава

Специјален германски пратеник ќе ја решава политичката криза во земјава

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, назначил специјален пратеник за Македонија кој треба да посредува во решавањето на политичката криза. Ова попладнево го објави германското министерство за надворешни работи на својот официјaлен твитер-профил, соопшти агенцијата Мета.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/GermanyDiplo/status/727848989555621888[/embed]

Тој во координација со претставниците на Европската Унија и на САД во земјава ќе посредува во решавањето на кризата.

„Министерот за надворешни работи Штајнмаер назначи специјален пратеник за Македонија. Амбасадорот Хајндл ќе се координира одблиску со претставниците на ЕУ и на САД за поддршка на напорите за посредување“, стои во твитот на германското министерство за надворешни работи.

Јоханес Хајндл е роден во 1956 година во Минхен. Тој бил новинар, дипломат, а од јули 2015 година е амбасадор на Германија во Австрија.

Слично

Поврзани вести