СПЦ НЕ ДАДЕ БЛАГОСЛОВ: Курти нема да го посети манастирот во Дечане
СПЦ не му даде благослов на премиерот на Косово, Албин Курти да го посети манастирот во Дечане.
Рашко-призренската епархија, како седиште на Српската православна црква (СПЦ) во Косово, денеска го одби барањето на косовскиот премиер Албин Курти, упатено до игуменот на манастирот Високо Дечане, отец Сава Јањиќ, да го посети тоа првославно светилиште, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во соопштението на епархијата, по вчерашното писмо на Курти до Јањиќ, се вели дека „без претходно почитување на судските одлуки и владеење на правото, сосема е бесмислено да се одговара на такви писма“.
Епархијата, стои во соопштението, „останува на својот порано јасно изложен став дека ако албанските косовски институции сакаат да покажат минимум добра волја за почитување на верските права на СПЦ во Косово, должни се во целост да ги исполнат одлуките на Уставниот суд на Косово од 2016 година за признавање на манастирскиот имот“.
Писмото уследи еден ден откако министерот за култура, млади и спорт на Косово, Хајрула Чеку го објави писмото на премиерот Албин Курти до отец Сава Јањиќ, во кое изрази желба да го посети манастирот и со игуменот, архимандритот Сава, да разговара за прашања „од заеднички интерес“.Српската власт се плаши дека Грција ќе го признае Косово.
