Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасувачкиот фонд на еврозоната и исплати на Грција 7,5 милијарди евра

Спасувачкиот фонд на еврозоната и исплати на Грција 7,5 милијарди евра

После успешното завршување на ревизијата на грчката програма за помош, Европскиот стабилизационен механизам и исплати вчера транша помош на Грција од 7,5 милијарди евра, изјави шефот на спасувачкиот фонд на еврозоната, Клаус Реглинг.

„ЕСМ и исплати 7,5 милијарди евра на Грција“, објави Реглинг после состанокот со грчкиот финистер за финасии Еуцилид Цакалотос во Атина.

ЕСМ, според зборовите на Реглинг, ќе продолжи да ги одобрува кредитите на Атина под поволни услови, а каматните стапки на заемите на Грција, како што додадал, се пониски од еден одсто со просечен рок на отплата на кредити од 32 години.

„Сакаме цело време да и помагаме на грчката економија, но со оглед на тоа дека прогнозите се многу неизвесни, не знаеме точно какви ќе бидат нејзините потреби низ годините“, рекол Реглинг.

Како што додал, целниот примарен суфицит од 3,5 одсто, на чие достигнување Грција се обврзала до 2018 година, мора да биде почитуван.

ММФ, меѓутоа, е на мислење дека оваа цел е преамбициозна и се залага за нејзино намалување на 2,0 одсто, наведува британската агенција.

Слично

Поврзани вести