Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасувачите во Словенија со хеликоптер евакуираа деца и нивната мајка која деновиве треба да се породи

Спасувачите во Словенија со хеликоптер евакуираа деца и нивната мајка која деновиве треба да се породи

Во Словенија, спасувачите со хеликоптер евакуираа бремена мајка и деца.

Вчера 20 планински спасувачи од различни здруженија на Планинската спасувачка служба дојдоа да помогнат во Корушка.

Покрај отстранувањето на последиците од поплавите, тие се погрижија и за евакуација на жителите, особено од повисоките и непристапни делови. Акцијата ја реализираа со три воени хеликоптери.

При евакуација на една од куќите наишле на бремена жена и нејзините деца. Семејството следните денови треба да добие нов член. Трудницата и децата се префрлени на безбедно. Спасувачите евакуирале и неколку други лица на кои им била потребна итна медицинска помош.

Сто македонски војници ќе помагаат во Словенија за санирање на штетите по невремето. Словенија ќе добие над 400 милиони евра од Европската Унија (ЕУ) за справување на последиците од поплавите. 
фото принтскрин

Слично

Поврзани вести