Економија, финансии, бизнис

Контакт

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

СПАСУВАЧИТЕ ИЗВАДИЈА ТИНЕЈЏЕРКА ОД УРНАТИНИТЕ ВО НОВИ САД: Друга жена е заглавена и со неа комуницираат за да ја извлечат

Спасена е тинејџерка од под урнатата натстрешница на Железничката станица во Нови Сад. 

По четири и пол часа, спасувачите успеале да подигнат дел од урнатата конструкција на Железничката станица во Нови Сад, тешка неколку тони и да ја извлечат тинејџерката (14) која била заглавена под урнатините. Со возило на Брза помош итно е пренесена во Клиничкиот центар во Војводина.

Спасувачите на Железничката станица во Нови Сад уште комуницираат со жената која е под урнатините и прават максимални напори да ја спасат и неа.

На железничката станица во Нови Сад во 11 часот и 50 минути се урна бетонската натстрешница на зградата на станицата. Има најмалку осум загинати. 

Утре во Србија е прогласен за Ден на жалост. 

Граѓаните неколку дена пријавувале дека има пукнатина, но никој не преземал мерки. 

фото принсткрин Радио слободна Европа

Слично

Поврзани вести