Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Владата ги поттикнува функционерите и вработените во МВР да вршат кривични дела

Спасовски: Владата ги поттикнува функционерите и вработените во МВР да вршат кривични дела

Министерот Оливер Спасовски тврди дека е оневозможен од страна на Владата на Република Македонија да раководи со МВР, во овие исклучително тешки моменти за државата па според тоа и, како што вели, да одговори за последиците од ваквиот свесно креиран хаос во министерството.

„Владата создаде услови за извршување на пуч во МВР, не ја испочитува мојата јасно изразена воља преку оставката која ја поднесов на  6.04.2016 година од функцијата министер  за внатрешни работи и истата не ја достави до Собранието .

Од друга страна , Владата на два пати ги поништи Решенијата и Правилниците донесени од моја страна. Со тоа  органот кој треба да биде чуварот  на Уставот и законите во Република Македонија, со своите незаконски одлуки тотално го дерогираше правниот систем и направи целосен хаос во функционирањето на министертвото за внатрешни работи“, вели Спасовски.

Тој вели дека и покрај сите  укажувања, предупредувања и наредби  доставени до директорите на органите во состав на Министертвото за внатрешни работи и сите вработени во министерството да ги почитуваат законите и хиерархијата во министерството, Владата  со последната Одлука донесена во ноќта пред распуштањето на Парламентот, го зададе завршниот удар на правниот систем на Република Македонија и на нормалното функционирање на МВР.

Таа му забранила на и министерот за внатрешни работи да потпишува документи, а со тоа и да раководи со органот. Не постои држава во светот каде што е позната ваква небулозна наредба издадена од највисокиот извршен орган на земјата.

„Освен што ми забрани да ги извршувам своите со Закон утврдени надлежности, Владата ги поттикна останатите функционери во министерството  да ги спроведат нејзините незаконски одлуки и  да вршат кривични дела, за кои ќе одговараат. Последниве два дена директорите на УБК и државниот секретар на МВР надвор од законските  надлежности, издаваат  усни наредби  на потчинетите , за одземање на канцелариите, менување на бравите , исклучување на картиците на дел од вработените чии решенија Владата незаконски ги поништи. Со овој чин фактички и директорот на УБК и државниот секретар , од своја страна ги потикнуваат вработените да извршуваат кривични дела, преку реализирање на овие оперативни задачи, за кои се одговара според Кривичниот законик“, посочува Спасовски.

Тој вели дека Државниот секретар ја презема улогата да раководи со МВР и со тоа се создава безвластие и комплетен хаос во Министерството за внатрешни работи, дополнувајќи дека не прифаќа никакви палијативни решенија и комбинации на заедничко раководење со министерството, па според тоа не прифаќа ни наметната одговорност за надлежности кои свесно му се одземени.

Слично

Поврзани вести