Спасовски се врати, началниците си одат
Враќањето на министерската функција во МВР на Оливер Спасовски најверојатно ќе значи и промена на дел од раководните кадри, особено повеќе началници на сектори и полициски станици, а повторна промена ќе има и на раководната позиција на посебната единица „Алфа“ и специјалната единица „Тигри“.
Според повеќе медиуми Спасовски стопирал голем дел од претходните вработувања и кадровски ротации на Чавков за кои немало јавен оглас. Во наредните денови се очекуваат повеќе детали за одлуките на Спасовски и на кој начин ќе бидат спроведени неговите решенија.
Во претходниот состав на преодната влада СДСМ потенцираше дека нивниот кадар има право да носи министерски одлуки и да ја организира работата на секторот, додека пак власта критикуваше дека поставувал само партиски поддржани кадри.
Слично
