Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Одлуката на Владата за поништување на решенијата е против законска

Спасовски: Одлуката на Владата за поништување на решенијата е против законска

Како што предмалку објавивме, Владата ги поништи сите решенија кои досега ги донесоа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за социјала Фросина Ременски со што фрли низ вода се што сработиле досега.

Реагираше Спасовски кој рече дека со овој чекор Владата предводена од техничкиот премиер на ВМРО-ДПМНЕ направила ново прекршување на Договорот од Пржино.

„Владата донесе против законска одлука за поништување на сите правни акти на министрите, донесени пред поднесување на оставките“, изјави Спасовски.

 Тој потенцираше дека со оваа одлука, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги прават изборите невозможни бидејќи ова е техничка влада за спроведување на фер избори а сите одлуки мора да бидат потврдени од опозицијата.

 „Ниедна одлука усвоена од оваа Влада, којашто наместо регулрани има намера да спроведе криминални избори, нема да ја потпишеме и нема да ја спроведуваме“, истакна генералниот секретар на СДСМ.

Слично

Поврзани вести