Спасовски: Нема пропусти при раководењето на полицијата синоќа, граѓаните да протестираат мирно
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изјави дека нема пропусти во раководењето на полицијата при синоќешните протести во центарот на Скопје.
Тој апелираше до граѓаните на мирен начин да го изразат својот протест и да бидат партнери со полицијата.
Спасовски кажа дека внатрешната контрола на МВР ќе испитува дали има употреба на прекумерна сила особено врз новинарот на Плусинфо, Горан Наумовски кој синоќа беше повреден.
Наредбата за синоќешната акција на ЕБРД е издадена од одговорните од СВР Скопје, а министерот ги имал сите ингеренции да постапува според договорот.
На протестите приведени се 13 демонстранти, а меѓу полицајците нема повредени.
Слично
