Спасовски му го предаде кабинетот на Чавков
Вчера по одложувањето на изборите Митко Чавков и Диме Спасов се вратија во министерските фотељи.
Денес Оливер Спасовски му ја предаде функцијата министер и кабинетот на новиот министер за внатрешни работи на Митко Чавков при што беше извршено примопредавање на должноста Министер за внатрешни работи.
Чавков на вчерашната собраниска седница потпиша и свечена изјава со што и официјално станува министер
По гласањето СДСМ ја напуштија седницата на Собранието која итно ја свика спикерот Вељановски.
Премиерот Емил Димитриев објаснува дека нивното назначување е врз основа на тоа дека нема да има избори на 5 јуни. Ова следеше по констатирањето на оставките на сите министри и дополнителни министри од СДСМ.
Слично
