Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски и Стефановиќ во посета на бегалскиот камп во Гевгелија

Спасовски и Стефановиќ во посета на бегалскиот камп во Гевгелија

Србија на решавање на прашањето на мигрантите е спремна да соработува со сите држави и меѓународно институции, порача српскиот министер за внатрешни работи при денешната посета на бегалскиот камп во Гевгелија каде заедно со министерот Оливер Спасовски проверија како се одвиваат работите во тој прифатен центар.

IMG_0560

Спасовски му искажа благодарност на српскиот колега за соработката при што посочи дека ова е проблем кој мора да се бара решение заедно со ЕУ преку координација и одлуки, напоемнувајќи ја потребата од заштита и должност според меѓународните конвенции кои треба да им се дадат на луѓето кои  низ западно- балканската рута.

IMG_0606

Стефановиќ пак при постетата на 20 српски полицајци кои повеќе од две недели ја чуваат српско-македнската граница, рече дека српската полиција заедно со колегите од Македонија сака да воспостави нормален транзит и регистрација.

Двајцата министри разговарале и за унапредување на соработката во заштита на двете држави од потенцијални терористички предизвици на мигрантската рута.

Слично

Поврзани вести