Спасовски и Ременски пак остана без ингеренции
Двајцата министри на опозицијата Оливер Спасовски и Фросина Ременски повторно останаа без ингеренции.
Според она што нивниот лидер, Заев го откри во синоќешното интервју за 24 Вести, оваа одлука била донесена на итна доцна седница на Владата.
Оваа одлука всушност ги укинува двата правилници кои Спасовски ги донесе минатиот понеделник, односно на 11-ти април, затоа што Владата смета дека се поврзани со избори, а немале потпис од дополнителниот заменик-министер Митко Чавков.
Сега Спасовски не може да донесе нови решенија, бидејќи официјално е предизборен период, па Заев вели дека кога одлуката на Владата ќе биде официјална министрите на СДСМ ќе го прекинат одењето во министерствата.
„По завчерашната ноќна операција на заменскиот премиер Димитриев за уште едно поништување на решенијата за кадровски поместувања кои во МВР ги донел Спасовски и во Труд и социјала, Ременски“, рече Заев синоќа во интервју за 24 Вести.
Тој потврди дека министрите не одат веќе на работните места оти, како што рече, станало беспредметно.
