Спасовски бара вработените во МВР да ја игнорираат телеграмата на Чавков
Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека до вработените, министерот Оливер Спасовски упатил телеграма со наредба да не се превземаат никакви дејствија по вчерашната телеграма на дополнителниот заменик министер, Митко Чавков.
„Уште еднаш ве известувам и ви укажувам дека согласно Законот за организација и работа на органите на државната управа и Законот за внатрешни работи, министерот е функционерот кој раководи со Министерството за внатрешни работи поради што наредувам од ваша страна да не се преземаат никакви конкретни и поединечни дејствија, а уште помалку постапување по телеграмата Бр.08.1-472 од 19.04.2016 година на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Чавков“- напишал Спасовски.
Чавков вчера ги повика вработените во МВР да ја почитуваат одлуката на Владата донесена минатата недела, да ги поништи сите решенија донесени и потпишани од Спасовски. Чавков до Владата предложил на Спасовски да му биде забрането да потпишува решенија и одлуки без негов потпис.
