Спасовски: 22 лица од Пустец на локалните избори гласале со незаконски лични карти
Министерот Спасовски попладнево откри злоупотреби кои се правеле со фалсификувани лични карти.
Со контролата на податоците на МВР направена по случаен избор, Спасовски вели дека на незаконски начин 22 лица од Пустец добиле лични карти со кои гласале на последните локални избори.
Спасовски тврди дека едно лице воопшто не поседува лична карта, а го има на Избирачкиот список, додека кај останатите, во најголем дел од Пустец, им биле издадени лични карти иако немале документ за место на живеалиште, односно немале решение за живеалиште а живеалиштето е клучниот документ без кој не смее да се издава лична карта.
Личните карти се издадени целосно незаконски бидејќи како што вели Спасовски ниту едно лице ги намало потребните документи.
За министерот Спасовски овие злоупотреби потврдуваат дека се злоупотребени законските одредби за издавање лични карти и решение за живеалиште.
