Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасовски: Ако не продолжи растот на платите, ќе имаме уште поголем проблем

Спасовски:  Ако не продолжи растот на платите, ќе имаме уште поголем проблем

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница изјави дека доколку не се покачи минималната плата, Македонија ќе се соочи со недостиг на работна сила.

„И сега дури и немаме доволно работници, од други причини. Ако не продолжи растот на платите, ќе имаме уште поголем проблем, затоа што никој повеќе не може и не сака да работи без пари“, вели Спасовски.

Спасовски нагласи дека покачувањето на минималната плата на 600 евра е прашање на консензус бидејќи се работи за интересите на граѓаните.

Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) бара минималецот да се зголеми на 600 евра, а сите други плати да се зголемат за 100 евра. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести