Спасов: Зимата не може да го изненади МЕПСО
Македонскиот електро-преносен систем оператор е подготвен за претстојната зимска сезона и може да издржи зголемено оптоварување доколку температурите бидат екстремно ниски, оценува генералниот директор на АД Мепсо, Синиша Спасов во интервјуто за МИА .
- Надлежните и стручните лица на АД МЕПСО ги превзедоа сите потребни мерки и ги спроведоа сите редовни активности за подготовка на преносната мрежа пред отпочнување на грејната сезона во земјава, кога очекува и зголемени товари на преносната мрежа. Согласно со годишниот план за работа се извршени сите планирани ревизии на опремата во трансформаторските станици и на далноводите во мрежата на А.Д.МЕПСО, посочува Спасов.
Тој информира дека МЕПСО и ЕЛЕМ со целосна поддршка на Владата се во процес за формирање на берза за електрична енергија како организиран пазар на кој ќе се формираат транспарентни ценовни сигнали. Во тој процес планирано е место и за странски партнер кој има искуство во формирање и управување со берзи за електрична енергија.
Тој посочува дека за берзата ќе се користат словенечките искуства, бидејќи во Словенија функционира берза за електрична енергија уште од 2001 година.
Слично
