Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасов: Лустрациска работи по политички нарачки

Спасов: Лустрациска работи по политички нарачки
Поранешниот министер и амбасадор, Ѓорѓи Спасов, негира дека соработувал со безбедносните служби и истакнува дека Комисијата за лустрација продолжува со непроверени факти и по политичка нарачка, да носи одлуки за тоа дали некои лица се соработници на некогашните органи на државната безбедност или не. Спасов во допис до медиумите најави дека правдата ќе ја бара пред Управниот суд, а доколку и таму одлуката биде неправедна, најави дека ќе поднесе жалба до Меѓународниот суд за човекови права во Стразбург. Според лустраторите Спасов соработувал со службите за безбедност во осумдесеттите години, а неговото име го имало во три лични досиеја во Државниот архив. Во документите кои ги објави Комисијата, се вели дека ја известувал Службата за државна безбедност за неколкумина македонски граѓани, кои биле оценети дека се анархолиберали. „Добро е што граѓаните имаат можност сами да ги прочитаат приложените докази за наводната соработка и сами да се уверат во политичката инструментализација на комисијата. Убеден сум дека еден ден, кога судот во Стразбур ќе ги поништи овие одлуки, многумина ќе се срамат од нивната валкана улога во овие политички процеси и ќе одговараат“,смета Спасов. Претседателот на Лустрациска, Томе Аџиев, пак, тврди дека решението е донесено врз основа на проверените факти во досиејата на Македонскиот архив каде биле пронајдени документи во кои стои дека токму Спасов  во раните 80-ти давал информации на тајните служби.
Слично

Поврзани вести