Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спасов дециден – Нема да се менуваат условите за пензионирање

Спасов дециден – Нема да се менуваат условите за пензионирање

Информациите дека се работи на законски измени кои ќе овозможат пензионирање со збир на годините на стаж и старост, се чиста шпекулација, изјави денеска министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

- Се работи за шпекулација која неколку пати по ред излегува во јавноста. Во моментов во Министерството за труд и социјална политика и во Владата не се води постапка за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во насока на промена на правото на стекнување на пензија, изјави министерот Спасов.

Тој појасни дека според постоечкиот Закон право за стекнување старосна пензија имаат граѓаните кои ќе наполнат 64 години за мажи и 62 за жени и имаат најмалку 15 години работен стаж.

Во јавноста неодамна проструија информации дека право на пензија ќе може да се оствари со збир на годините стаж и старост, за што би било потребно 80 години за жени и 90 години за мажи.

Слично

Поврзани вести