СПАСЕНА СЕЗОНА: Русите пак ќе летуваат во Турција
Руското министерство за сообраќај почна со примена на одлуката на владата за обновување на чартер летови за Турција, соопшти денеска тоа министерство.
Под тоа се подразбира подготовка на релевантни предлози со цел укинување на актуелни ограничувања на министерството за финансии“, се додава во соопштението.
За обнова на летовите, како што се додава, руската страна очекува од Турција пружање на гаранција за имплементација на мерките наменети за обезбедување на безбедноста на руските туристи кои летаат во Турција на одмор.
Рускиот премиер Дмитриј Медведев претходно денеска побара од владата да подготви мерки за постепено укинување на ограничувањата во сферата на економската безбедност на економските односи со Турција.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера, после телефонски разговор со турскиот колега Ердоган, и наложи на владата да покрене преговори со Анкара за обновување на трговската и економска соработка.
