Економија, финансии, бизнис

Контакт

Спас од гужвите пред УЈП за годишните даночни пријави

Спас од гужвите пред УЈП за годишните даночни пријави

Се поизвесно е дека граѓаните ќе бидат ако ништо друго спасени од чекањето пред шалтерите на УЈП за поднесување на стандардната годишна даночна пријава. Речиси секоја година се погодуваа периоди кога граѓаните ги одложуваат своите обврски и ги користеа последните денови од рокот за да ја однесат годишната пријава за приходите кои ги оствариле во рок од една година, па дури и шалтерите на УЈП работеа двојни смени за навреме да ги примат сите пријави.

Сега Владата донесе одлука да го прифати предлогот и во собраниска процедура да го испрати законот изменување и дополнување на Законот за персонален данок на доход.

Со предложените измени и дополнувања на овој закон граѓаните веќе нема да имаат обврска да поднесуваат даночна пријава. Тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или корегираат информациите во пријавата.

Целата постапка ќе се одвива електронски, односно граѓаните со корисничка сметка и лозинка ќе може да проверат дали УЈП точно ги регистрирала и пресметала уплатите за данок на доход, издатоците, вкупниот прилив на средства и други основни податоци. Вообичаено за физички лица рокот за поднесување на даночни пријави истекуваше на 31 март.

Слично

Поврзани вести