Економија, финансии, бизнис

Контакт

Spar влегува во Македонија преку Кит-Го, ги таргетира и хипермаркетите на Тинекс?

Spar влегува во Македонија преку Кит-Го, ги таргетира и хипермаркетите на Тинекс?

Интернационалниот синџир на супермаркети Spar ќе ги ребрендира Кит-Го маркетите во Македонија, но има понуда и до Тинекс да ги преземе хипермаркетите на овој гигант од малопродажбата, неофицијално дознава Фактор.

Наскоро, синџирот маркети Кит-Го ќе се ребрендира и ќе премине во познатиот холандски бренд Spar. Кит Го маркетите, 60-тина низ целата држава, за околу 60 милиони евра беа купени од косовската компанија Вива Фреш, но сеуште работат под своето старо име.

Вива Фреш преку Spar ги таргетира и подружниците „Super Tinex“, инаку посебен формат на поголеми маркети со проширена понуда и услуги што Тинекс ги отвора во поголеми објекти - како тој во Ист Гејт Мол.

Тинекс поседува 14 вакви хипермаркети, од кои по три на териториите на Аеродром и Центар, по две во Гази Баба и Карпош, како и по еден во Кисела Вода Охрид, Прилеп, Струмица и Илинден 

Претходно излезе и медиумска информација дека холандскиот малопродажен трговски ланец планира да отвори маркет во Кавадарци. Од општината рекле, според нивни информации, дека компанијата веќе бара соодветна локација. Во регионот Spar е присутен во Косово и Албанија. 

Во март годинава косовскиот трговски ланец Viva Fresh Group, присутен и во Македонија преку Viva Fresh Store, Super Kit Go и Modern Studio & Top Shop ја презеде Spar Albania од Balfin Group. Spar e основан во 1932 година. Брендот е присутени во 48 земји со 13.800 продавници. Моментално нема маркети во Македонија. 

Неофицијално од Тинекс би коментирале само доколку се постигне конечен договор,но од таму Засега велат дека станува збор за проширени гласини. Spar интерес за влез во Македонија имаше и пред почетокот на ковид-пандемијата.

Основан уште во 1932 година во Холандија, SPAR прерасна во глобален бренд присутен во околу 48 земји со преку 13.900 продавници ширум светот. Се издвојува од другите посебно по локалните адаптации на секоја продавница во заедницата каде што работи.. За разлика од големите централизирани синџири, SPAR функционира преку лиценцирани партнери и независни оператори, што значи дека секоја продавница е во состојба да одговори на специфичните потреби на својата локална популација.

А.К.

Демант од Тинекс: Не постои обид од Spar за купување на нашата компанија


Слично

Поврзани вести