СПАКУВАЛА КУФЕР: Нашла работа со плата од 1.800 евра, а потоа доживеала шок
Даниела Кикл од Австрија пред три години пронашла работа во седиштето на Епл во Корку, Ирска и мислела дека тоа е работа од соништата.
Таа претходно работела во повеќе ИТ компании, и по добивањето на оваа работа се преселила со сопругот и двете деца во Ирска, но таа нејзина еуфорија брзо се претворила во фрустрираност која ја натерала да се врати назад.
Тоа е така поради строгите правила кои постојат во Ирска.
За да клиентите ширум светот бидат задоволни се грижат 5.000 вработени оператори, кои се во групи од по 500 луѓе.
Австријката тврди дека лоши услови за работа нема само во Кина, туку и во Ирска за каде опишува дека се чувствувале како пилиња на фарма кои мора да се гојат.
Кикл напишала и книга каде го раскажува своето искуство. Според она што го споделила во книгата, во тоалет во текот на денот може да се поминат најмногу 8 минути, менаџерите ги контролираат постојано и на основа на тоа им даваат бодови.
Оние кои не се придржуваат до правилата ризикуваат да бидат казнети.
Додека работела во Ирска, Кикл била преместена од едно на друго место, но за иста плата имала повеќе одговорности.
Потоа им пишала на своите претпоставени, но тие не реагирале и не помогнале.
Откако била направена анкета и помалку од 30% од вработените се изјасниле дека се задоволни, тогаш многу менаџери останале без работа.
По три години, иако заработувала по 1.800 евра месечно Кикл дала отказ и се откажала од борбата.
