Созопол со номинација за најдобра европска дестинација
Созопол е номиниран за најдобра европска дестинација за 2017 година од организацијата European Best Destinations.
Ова стана јасно за време на церемонијата за прогласување на најубавите замоци во Европа од истата организација. На настанот присуствуваа министерот за туризам, Николина Ангелкова, градоначалникот на Созопол, Панајот Рејзи и други.
„Слични атракции како замокот во Равадиново, ни помагаат да се продолжи со сезоната и да понудиме повеќе искуства на туристите по бугарското крајбрежје на Црното Море"- рече министерот Ангелкова.
Таа нагласи дека сезоната оди многу добро и по се изгледа дека ќе биде една од најдобрите.
„Само за месец јуни јужниот дел од Црното Море пречекал повеќе од четвртина милион туристи, што е над 20% раст во споредба со минатата година" 0 рече Ангелкова.
Приходите од реализираните ноќевања во област Бургас во јуни се над 73 милиони лева, што е за над 35% зголемување во споредба со јуни 2015 година.
