Создавање нови работни места е клучно за иднината на земјите од ЈИЕ
Создавањето нови работни места и динамизирањето на економиите се клучни елементи за иднината на земјите од Југоисточна Европа - беше заклучено на дводневна меѓународна конференција што се одржа во Сараево.
Конференцијата ја организираа Европскиот парламент (ЕП) и Советот за регионална соработка (RCC), а На конференцијата, покрај претставниците на ЕП и на ЕК, учествуваат парламентарни претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција.
Свои обраќања на темата имаа и директорот на Директоратот за Западен Балкан при Европската комисија Жан-Ерик Пакет и генералниот секретар на Советот, Горан Свилановиќ.
„Нашите економии не се економии на раст“, изјави Свилановиќ, додавајќи дека Студијата на јавното истражување Балкански Барометар, покажала оти „повеќе од една четвртина од населението од земјите од ЈИЕ не се во состојба да ги платат домувањето и комуналните сметки“.
Детално беа обработени и темите како што се структурните реформи, усогласувањето во фискалната и даночната политика со стандардите во ЕУ, можните решенија за создавање на новите работни места, транспарентноста, економските реформи и јавниот интерес.
извори: РЦЦ, ЕП, ЕУ
Слично
