„Совршен“, „Убав како икона“, „Брутално згоден“: Дел од коментарите за владиката Методиј, жените ги запалија социјалните мрежи
Наследникот на Јоаникије привлече големо внимание кај
припадничките на понежниот пол, кои не штедеа зброви на социјалните мрежи.
Во саботата, епископот Методиј, го наследи владиката Јоаникие во бидимјанско-никшичката Епархија по изборот на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква. Епископот Методиј Остојиќ е роден на 1 април 1976 година во Сараево, од православни родители Милинко и Драгица (род. Миличевиќ) како трето дете.
Веднаш по изборот, социјалните мрежи беа преплавени со коментари за неговиот изглед.

"Бог да ми прости, не знам дали е соодветно да кажам за епископот, но каков убав човек е ова“. „Кукла“, „Бог да ми прости, и јас го мислев истото“, „ Совршен "," Брутално коклку е згоден, колку е образован "," Убав како икона, како што велат ", се само некои од епитетите кои корисничките Твитер ги упатија кон новиот епископ.
Новиот владика Методиј се појави и на сите насловни страници на медиумите кога беше претепан од црногорската полиција. На денот на гласањето на таканаречениот Закон за слобода на вероисповед, во Црна Гора, на 27 декември 2019 година, на мостот на Џурчевица на Тара, црногорската полиција со палки го претепа епископот Методије, кој потоа заврши во воената медицинска Академија во Белград.
