Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Современ дом“ го освојува просторот на Давитковци во „Скопски пазар“?

„Современ дом“ го освојува просторот на Давитковци во „Скопски пазар“?

„Современ дом“, како најголем акционер, праќа писма до сите мали акционери во кои најљубезно ги моли за поддршка за промени во раководството на „Скопски пазар“ при тоа објаснувајќи на акционерите дека ова раководство продава имотна компанијата и лошо стопанисува со една од најреномираните скопски трговски компании

Прилепската компанија „Современ дом“ бара поддршка од сите мали акционери за смена на управниот и на надзорниот одбор на „Скопски пазар“, дознава „Фактор.мк“. Имено „Современ дом“ кој е наголем поединечен акционер во „Скопски пазар“ и поседува 21 отсто од акциите со право на глас. „Современ дом“ иако најголем поединечен акционер е само најголемата опозиција во „Скопски пазар“, а нема ниту еден свој претставник во органите на управување во таа компанија.

Мали акционери го информираа „Фактор.мк“ дека добиле писма од акционерот „Современ дом“ кој најљубезно им бара поддршка за промена на органите на управување во скопската трговска компанија. Имено „Современ дом“ во писмото во кое бара поддршка ги изнесува резултатите од работењето на актуелниот менаџмент на „Скопски пазар“ ги известува дека компанијата континуирано продава деловен простор или го компензира за свои обврски спрема своите добавувачи. Исто така „Современ дом“ во писмото се осврнува и на резултатите од работењето на „Скопски пазар“ кои ги оценува како негативни и бесперспективни.

„Современ дом“ е можеби прв акционер, во кратката акционерска македонска историја, што јавно со писма се обраќа на други мали акционери со цел да ги обедини во борбата за остварување на својот интерес и со легитимни средства се бори против својата конкуренција во „Скопски пазар“. 

Според најновите податоци од базата на Централниот депозитар на хартии од вредност „Современ дом“ е најголем поединечен акционер кој има 21 отсто од акциите со право на глас во „Скопски пазар“.

Повеќе на темата за „Скопски пазар“ може да прочитате на следниве линкови: 

http://faktor.mk/kolku-imot-otugjil-skopski-pazar-za-dve-i-pol-godini-kade-se-parite

http://faktor.mk/ima-li-raskol-vo-semejstvoto-shto-upravuva-so-skopski-pazar

Дали „Скопски пазар“ гордо тоне?

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести