Економија, финансии, бизнис

Контакт

Советот за безбедност го осуди убиството на српскиот војник на ОН

Советот за безбедност го осуди убиството на српскиот војник на ОН

Членовите на Советот за безбедност на Обединетите нации го осудија убиството на српски член на мировната мисија УНИФИЛ во јужен Либан, кој почина од повредите здобиени во минофрлачки напад на 4 јуни.

Во заедничка изјава, сите 15 членови на Советот изјавија дека мировникот е убиен откако минофрлачките гранати ја погодиле неговата позиција, додека двајца други членови на мисијата биле повредени, објави денес Ал Џезира.

Членовите на Советот за безбедност изразија најдлабоко сочувство до семејството на починатиот и им посакаа брзо и целосно закрепнување на повредените мировници.

Во соопштението не се наведува кој е одговорен за нападот, но се повикуваат Обединетите нации да спроведат брза истрага и да обезбедат одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата без одложување.

На 10 јуни, со сите воени почести во Краљево беше погребан висок водник на српската армија, припадник на Втората армиска бригада, Милован Јовановиќ (36), кој почина од повредите здобиени во мировната мисија на Обединетите нации во Либан.

Јовановиќ беше тешко ранет на 4 јуни кога проектил погоди база на Обединетите нации во која беа сместени мировници, вклучувајќи и дел од српскиот контингент.

По добивањето прва помош во базата, тој беше пренесен со хеликоптер во Универзитетската болница во Бејрут, каде што им подлегна на повредите.

Двајца други мировници, од Шпанија и Ел Салвадор, беа ранети во гранатирањето на базата.

Привремените сили на ОН во Либан се мировна мисија основана од Советот за безбедност на ОН во 1978 година со резолуциите 425 и 426.


Слично

Поврзани вести