Економија, финансии, бизнис

Контакт

Советот на СОНК се собира во Штип за да им даде поддршка на професорите кои штрајкуваат

Советот на СОНК се собира во Штип за да им даде поддршка на професорите кои штрајкуваат
Советот на Синдикатот за образование, наука и култура претпладнево во 11 часот ќе се собере пред просториите на Регионалната канцеларија на СОНК во Штип за да им даде поддршка на тројцата професори кои штрајкуваат со глад. Станува збор за 50-тина претседатели и секретари на регионалните организации на СОНК од цела Македонија, кои исто така во изминатите неколку дена се приклучија кон штрајкот со глад од солидарност со професорите кои сметаат дека бесправно се оневозможени да напредуваат на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип. Здравствената состојба на тројцата професори - Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски, кои веќе 15 дена гладуваат, од вчера е сериозно влошена, па тие мораа да примат и инфузија. По собирот пред Регионалната канцеларија, Советот на СОНК во Штип ќе одржи седница на која ќе разговара за нови мерки за притисок врз Универзитетот, кој и натаму одбива да го спроведе решението на Државниот просветен инспекторат и да го повтори изборот во звања на Економскиот факултет, со што согласно препораките на рецензентските комисии ќе ги унапреди тројцата доценти во звање вонредни професори.
Слично

Поврзани вести