Економија, финансии, бизнис

Контакт

Советнички препукувања во општина Центар, се бара смена на претседавачот Шиповиќ

Советнички препукувања во општина Центар, се бара смена на претседавачот Шиповиќ
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар побараа нов претседател на Советот, оние од коалицијата предводена од СДСМ посочија дека Мирослав Шиповиќ е легитимно избран за Претседавач и нема да се менува. Предлогот од ВМРО ДПМНЕ го правдаат со опасноста од блокирање на работата на Советот и функционирање на општината. Велат дека предлогот кој доаѓа од партија што е во опозиција во скопската општина, е даден поради судската постапка против преседавачот Шиповиќ. „Токму поради обезбедување на непречено функционирање на општината во интерес на граѓаните, советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ предложи именување на нов претседавач на Совет и подготвеност да поддржиме било кој предлог кој ќе биде предложен од страна на мнозинството предводено од СДСМ и Жерновски“, побара советникот Томислав Лазаров од ВМРО-ДПМНЕ кој изрази жалење што останатите не го поддржаа овој предлог, на како што реше, штета на граѓаните на Центар. Советниците од коалицијата предводена од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да бара избор на нов претседавач на Советот. „Шиповиќ е легитимно избран за претседавач, согласно волјата на граѓаните на последните локални избори. А, неговото оправдано отсуство е резултат на политичкиот процес што власта го води против него. Од чекорите што ги превзема ВМРО-ДПМНЕ се потврдува дека нивна цел е да се блокира работата на општина Центар“, реагираат од СДСМ. Оттаму посочија дека и покрај тоа што координаторот Лазаров и другите советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека како советничка група се подготвени да го поддржат секој предлог на Советот, побараа да не ја проблематизираат позицијата на Шиповиќ  и да работат во интерес на граѓаните на Центар. Денеска градоначалникот на Центар, Андреј жерновски пак се сретна со амбасадорот на САД, Пол Волерс. По средбата изјави дека се разговарало за состојбите во општина Центар и за притисоците со кои се е соочува општината од централната власт. „Ги разменивме информациите за притворот на Шиповиќ, како и за темите на национално ниво, меѓу кои и до каде е опозицијата со избор на кандидат кој што е прифатлив и за Mакедонците и за Aлбанците и за сите граѓани на Република Македонија“, изјави Жерновски кој додаде дека вчера имал средба со сопругата на Шиповиќ на која се разгледувале сите можности претседавачот на Советот на општина Центар да се брани од слобода за да може да присуствува на седниците.
Слично

Поврзани вести