Економија, финансии, бизнис

Контакт

СОВЕТИ: Како до поголема плата во 2016-та?

СОВЕТИ: Како до поголема плата во 2016-та?

Го поминавте интервјуто за работа, работодавецот е задоволен со вас – но, остана уште една работа- платата. Работодавецот гледа да помине “што подобро“, односно да ви даде што помала плата, а вие целите кон повеќе.

Business Insider ви пренесува разговарот со тројца агенти, од областа на управувањето со човеките ресурси, кои ги советуваат кандидатите како да ги убедат работодавците да им дадат поголема плата.

Секогаш дозволете работодавачот да ја даде првата понуда: Додека тој не ја каже сумата, вие не ја споменувајте.

Не се распрашувајте премногу за просечната плата:

Веројатно имате информации за просечните плати во компанијата, пред да одите на интервју. Но, мора да бидете внимателни да не прашувате луѓе кои таму работат долго време. Секоја компанија има лимит, којшто ќе го потроши на вас, секогаш ви нудат помалку, но доколку вие ја надминете најголемата сума, кои тие ја имаат во глава – елиминирани сте. Така да, за време на „истрагата“ за финансиската сила на компанијата мора да бидете тивки и дискретни.

Подобро поголем простор за исплата, отколку директна цифра:

Значи секогаш тргнете од “би се согласил на сума „меѓу таа и таа“, отколку “нема да работам за под толку“. Тоа остава подобар впечаток и имате основа за преговори, ќе ја видите реакцијата на работодавецот, а притоа секогаш сте во предност бидејќи испраќате позитивни сигнали за продолжение на преговорите.

Искоритете ја „картата“ на контрапонуда:

Ако на пример работодавецот ви каже дали би сте се согласиле на месечна плата од 20.000 денари, вие кажете 25.000 денари. Но, контрапонудата можете да ја користите само еднаш. Премногу „ценкање“ е фрустрација за двете страни.

Изгледајте возбудено, но не премногу:

Ентузијазмот и среќата морате да ги покажете, но ако покажете премногу, давате до знаење дека се наоѓате во очајна состојба. Работодавецот секогаш бара личност која е подготвена и сериозна во намерите. Не сака некој кој “ќе изгори од желба“. Таа слабост ја покажувате кога претерано се возбудувате поради новото работно место.

Секогаш кажете го точниот износ на плата на претходното работно место:

Тие работи секогаш можат да се проверат без проблеми, а никој не сака лажго во своето работно опкружување.

Слично

Поврзани вести