Економија, финансии, бизнис

Контакт

Совет за етика:Пренесувањето шпекулации се изедначува со невистини и пропагандизам

Совет за етика:Пренесувањето шпекулации се изедначува со невистини и пропагандизам

Советот за етика во медиумите, повторно ги потсетува медиумите да не ја злоупотребуваат својата улога и да послужат како платформа за потпалување на ситуацијата и засилување на тензиите во општеството.

Ги потсетуваме новинарите и уредниците дека медиумските извештаи мора да ја содржат вистината и да не иницираат полемики и дискусии со кои ќе се разгорат тензиите и ќе се влошат односите меѓу граѓаните, велат од Советот.

„Медиумите мора да дејствуваат на начин што ги разликува од обични преносители на информации и факти  и треба да ја применат и својата улога како смирувачи на тензиите во општеството, а особено во случаи кога се изнесуваат проценки за можна ескалација на случувањата. Тие треба да ги објаснат фактите, учесниците во случувањата, различните позиции и прашања, како и внимателно и аналитички да ги истражат настаните. Не е новинарски да се развиваат и градат дебати врз основа на лаги и невистини, со што граѓаните би се довеле во заблуда. Пренесувањето и давањето простор на шпекулации се изедначува со ширење невистини и пропагандизам, наспроти урамнотежено и професионално информирање. На јавноста треба да и се понуди вистинската слика и да се претстават објективните потреби и загриженост“ - стои во соопштението.

Порачуваат посебно порталите да не служат за пропаганда. Ги потсетуваат медиумите на нивните обврски да известуваат професионално и според принципите на неодамна потпишаната Повелбата на Советот за етичко известување на медиумите.

Коментарите и анализите се важен дел од новинарството со оглед на тоа дека граѓаните имаат потреба од толкување на ситуациите и околностите, но медиумите не смеат да ги злоупотребуваат овие жанрови за да пласираат погрешни интерпретации на реалноста, наведуваат од Советот за етика во медиумите.

Слично

Поврзани вести