СОВЕТ: Создадете бизнис од сопственото хоби
За Алис Бароу и Том Грин, започнувањето на свој бизнис, беше следниот природен чекор.
Двојката започнува семеен бизнис - правење на свеќи - како споредна работа. Тие мешаат различни бои, мириси и восоци дома, а потоа продаваат готови свеќи во слободно време.
Тоа е хоби, а исто така носи дополнителни приходи тврдат тие. Луксузните свеќи во вредност од околу 35 фунти секоја се продавале добро што ги става Алис Бароу и Том Грин пред дилемата на секој претприемач:
Дали да го претворат хобито во нивна работа?
"Почнавме пред три или четири години од кујнската маса и брзо разбравме дека имаме производ со кој можеме да го превземеме пазарот", вели Бароу.
"И така решивме буквално да одиме на пазарот - на еден штанд во Лондон, каде направивме навистина многу и лојални клиенти. Тоа навистина нè убеди дека можеме да создадеме луксузен производ. Еве така започнавме", се сеќава таа.
Денес нивната компанија Wick and Tallow цвета.
Мала бизнис иницијатива - совети за водење на успешен бизнис
Бизнис експертите Тина Ричи и Симон Девншир ги даваат следниве совети на сите идни претприемачи:
- Идентификувајте го проблемот и најдете начин како да го решите;
- Измислете име, лого и купете вебсајт со тоа име;
- Дознајте дали имате право на субвенции или заеми од државата;
- Не инвестирајте премногу уште во самиот почеток - започнете да продавате и тестирајте го пазарот.
"Можете да се обратите до локалната општина да побарате совет или едноставно да прашате дали имате право на некакви грантови или заем за тоа што водите бизнис. Ова сепак направете го, откако веќе имате идеја и бизнис план ", советува Тина Ричи.
Најголемиот предизвик за голем дел од претприемачите е претворање на идејата во бизнис план. Ова е момент во кој дури и искусни бизнисмени бараат помош. Не грижете се да побарате поддршка од консултанти и на тој начин да го претворите хобито во успешна бизнис.
K.K.

Слично