Економија, финансии, бизнис

Контакт

Совет од домашни експерти: КАКО ПОЛЕСНО ДО ВРАБОТУВАЊЕ?

Совет од домашни експерти: КАКО ПОЛЕСНО ДО ВРАБОТУВАЊЕ?

Обука: практични вештини во сметководство, даночно законодавство и контрола на финансиски извештаи

Бесплатен софтвер, прирачници, и попуст

Со секоја обука во НОВА КОНСАЛТИНГ учесникот добива софтвер за водење сметководство со лиценца од една година, прирачник – финансово работење, прирачник – благајничко работење, попуст за невработени.

Стекнатите знаења и вештини од посетуваните курсеви, обуки и школи им се потребни, не само на оние кои бараат работа, туку и на веќе вработените. Учењето и усовршувањето е процес кој се одвива во текот на целиот живот. Секоја новостекната вештина или знаење е можност за напредок во кариерата, за поголем професионал успех, но и услов да се опстане и да се успее во современиот свет, во кој што секојдневно се развиваат и унапредуваат техниката, технологијата и научните знаења.

„Нашите обуки се значајни како за младите кои штотуку навршуваат високо образование, а немаат практично искуство кое честопати е предуслов за вработување, така и за сите оние кои имаат амбиција да имаат подобро работно место во финансиските сектори. Тука спаѓа и онаа група на сегашни или идни претприемачи кои сакаат да се запознаат со даночното законодавство заради намаллување на даночната изложеност во нивната компанија. Покрај тоа, оваа проблематика секако ги засега најмногу и оние кои се стремат кон даночните консултанти бидејќи на обуката добиваат практична примена на сите закони поврзани со оваа област. Со оглед на динамиката и апетите за раст и развој на бизнисите денес, овие знаења и вештини кои ние ги пренесуваме на нашите слушатели се неопходни за успешна интеграција во бизнис заедницата“, вели Кристина Тилиќ, сопственик и менаџер на НОВА КОНСАЛТИНГ.

Бидете учесник на најпосетуваната обука во Македонија во организација на Центарот за обука: Нова консалтинг и едукација. Досега 2000 задоволни учесници, 20 годишно искуство во едукација на вработени во финансовиот сектор, современо опремени простории, тестови, проекти, прирачници, софтвер.

Термини 28-ми Ноември, понеделник/среда од 17:00 до 19:45 часот.

Тренери

Наставата е водена од докажани тренери, овластени ревизори и извршни директори кои своето 20 годишно искуство несебично го пренесуваат на сите оние кои имаат за цел својата визија да ја реализираат со знаење.

Цена
Редовна цена 18.000
Цена со попуст за невработени 15.000

Плаќање на три рати

Пријавување Секој учесник треба да достави ПРИЈАВА ЗА ОБУКА 

goo.gl/CBU5M3 

Контакт (02) 3 22 00 54, , 078 383 053, 070 383 052, 078 383 093 

www.novakonsalting.mk

Слично

Поврзани вести