Економија, финансии, бизнис

Контакт

„South Stream Transport B.V.“ се откажа од „Јужен тек“ – „Газпром“ доби целосна доминација

„South Stream Transport B.V.“ се откажа од „Јужен тек“ – „Газпром“ доби целосна доминација
Откако рускиот гасен гигант „Газпром“ ги откупи акциите од South Stream Transport B.V., оператор во проектот за изградба на морскиот дел од гасоводот „Јужен тек“, стана стопроцентен сопственик на компанијата. Ваквата информација доаѓа откако руската компанија објавила официјално соопштение, што го пренесоа руските медиуми. Несигурната иднина на проектот „Јужен тек“ ги натерала италијанската компанија Eni, германската Wintershall и француската EDF да донесат решение за повлекување од проектот и од негова идна реализација. Претходно „Гаспром“ беше сопственик на 50% од акциите. Компанијата Stream B.V. беше создадена како оператор од проектот за изградба на морскиот дел од гасоводот „Јужен тек“ од рускиот град Анапа до бугарскиот град Варна. „Поради тоа што не е јасно дали ќе се добие дозвола за ‘Јужен тек’, а економските последици од одолговлекувањето на неговата реализација на неодредено време се големи, учесниците донесоа решение за затворање на проектот“, истакна претставник на Wintershall. Претседателот на Русија, Владимир Путин, за време на посетата на Анкара на први декември изјави дека „Русија нема да го реализира проектот ‘Јужен тек’.
Слично

Поврзани вести