Економија, финансии, бизнис

Контакт

Социјално загрозените во Србија ќе добијат бесплатен гас и струја

Социјално загрозените во Србија ќе добијат бесплатен гас и струја

 Социјално загрозени граѓани на Србија од утре ќе имаат право на бесплатни количини струја и гас, јави Танјуг.

Граѓаните кои ќе добијат статуст енергетски заштитен потрошувач таквото олеснување ќе го имаат една година и по тој рок ќе мора да се обнови барањето.

Се очекува тоа да го искористат околу 350 илјади луѓе кои имаат право да добијат меѓу 120 и 250 кв/часови бесплатна струја месечно како и од 35 до 75 кубни метри гас месечно за време на грејна сезона.

Заштитениот статус ќе може да го загубат ако месечната потрошувачка на струја и гас им е 2,5 пати повисока од лимитот. Проценките се дека таа бенифиција ќе ја чини државата меѓу 30 и 40 милиони евра годишно.

Слично

Поврзани вести