Социјалните мрежи полудеа од законот за забрана за објавување на бомбите
По најавата дека ВМРО ДПМНЕ и ДУИ токмат предлог закон со кој ќе се забрани објавување на нови политички „бомби“ и реобјавување на старите, на социјалните мрежи, особено на фејсбук канонада од реакции на интелектуалци, новинари, студенти, и други јавни личности.
Ѓорѓи Спасов: Законот е врв на стравот на власта
Законот за забрана за објавување на веќе објавените прислушувани материјали е врв на стравот на власта, на ароганцијата и на желбата се да пропадне. Катерина Блажевска вечерва на Телма беше одлична. Талат Џафери се посрамоти и беше во функција на вазал на Груевски. Медиумите според него смееле да објавуваат само нешта што веќе ги потврдила власта. Само пресуди ,докажаи дела а не индиции или сомневања и нелегално добиени информации. Срамота.Ова не смее да им помине.
Љубомир Фрчковски: Варварски гест
Се наоѓам во ситуација да немам капацитет да ги разберам, и зборови да ги опишам лицата кои дошле дo идеја за ваков закон. Законот, имено, е варварски, изјави за Либертас професорот Љубомир Фрчкоски. „Не знам од која причина и на што се повикуваат, ваков варварски гест да споделат во јавноста и во постапка пред парламентот кој (што и да мислиме за него), овој текст ќе се мота по комисии. Имено, законот, на прв и втор и секој друг поглед, се судира со две цивилизациски правни придобивки кои не можат да бидат поништени, повикувајќи се ниту на интерен политички догвор, ниту да меѓународен договор. Имено, на ништо друго. Првата демократска цивилизациска придобивка е дека: Цензурата е забранета! Таква одредба стои во сите европски устави, и не постои меѓународен договор кој ја негира оваа забрана. Таква одредба за воведување во цензура нема ни во Договорот од Пржино. Втората цивилизациска правна придобивка која е содржана во сите европски устави е: „Забраната на ректорактивното дејствување на законите“. Имено, законите не смеат да важат наназад, а законот со одредбите за бришење на материјалите од порталите, социјалните мрежи, архивите на телевизиите и весниците бара токму тоа“, изјави меѓудругото Фрчковски.
Мирјана Најчевска: Поголема глупост не сум слушнала во живото
Ахахаха. Поголема глупост не сум слушнала во животот. Ахахахахаха. Секогаш кога мислам дека сум ги видела сите глупости на ВМРО-ДПМНЕ и нивните другарчиња од ДУИ, тие пријатно ќе ме изненадат и ќе одвалат уште поголема и повесела зеленушкава глупост. Ова е исто како да предложат донесување на закон со кој ќе се предвиди дека криминалните дела кои ги направиле политичарите нема да бидат објавувани. Или, закон со кој ќе се забрани граѓаните да зборуваат за грешките на политичарите. Или закон со кој ќе се забрани било какво изнесување во јавност на прекршување на законите од страна на именувани функционери. Ма луѓе, оваа земја станува највесело место за живеење. Секој ден ново доживување. Ахахахахахахаха. Ама затоа, ако не си платил данок од 200 денари твоето име ќе се појави на интернет. И ако украдеш ќебабчиња ќе си добиеш казна затвор од три години. Ахахахахахаха. Ма само гласајте ги цепаници неделкани.
Бранко Геровски - цензорски предлог
Тече од ногавици, тече!!! Ова е срамен, цензорски предлог. А цензурата е забранета со членот 16 од Уставот. Патем речено, според Законот за медиуми, порталите не се медиуми, нели?
Горан Трпеноски, новинар: Изгледа бомбите не биле сечени и монтирани
Со закон поднесен од ДУИ и ВМРО ДПМНЕ кривично ќе се одговарало за објавување и за поседување на бомбите. Изгледа стварно не биле сечени и монтирани.
Борјан Јовановски: донесете закон за да ги избришете сите лаги и гнасотии напишани на вашите сајтови за мене и моите колеги
Кога ќе донесете закон да ги избришат од сајтовите на вашите мегафони сите гнасотии напишани за мене и мои колеги па и нивните семејства по ваша нарачка, ...е тогаш ќе збориме за бомбите.. Разликата е што за нас се објавуваа лаги, а бомбите колку што разбрав никој не ги дементираше
Ѓунер Исмаил: Ишкање на мувата од капата
НЕМА пооригинален начин за ИШКАЊЕ НА МУВАТА ОД КАПАТА од овој кој е смислен во заедничката кујна на ДУИ и ДПМНЕ. Па нели "бомбите" беа лепени, сечени, креирани?
