СОСТОЈБАТА ВО СПЛИТ СЕРИОЗНА: Лекар порачува-Не филозофирајте со теории на заговор, вакцинирајте се!
На N1 гостуваше анестезиологот од КБЦ Сплит, Божидар Дупланчиќ кој ја коментираше епидемиолошката состојба во Далмација.
Состојбата во Сплит е доста тешка, не толку поради бројот на хоспитализирани, туку затоа што на над 90 отсто од нив им е потребен кислород и тоа е главната разлика во однос на лани.
„Директорот само ја кажа вистината за мутираниот коронавирус, кој е многу позаразен од порано отколку во претходните варијанти. Пациентите полесно се инфицираат, болеста им трае пократко, но е исклучително интензивна“, рече Дупланчиќ.
Запрашан како може да издржи напорна работа и 24-часовни смени, Дупланчиќ рече: „Ако прашате спринтер како трча 100 метри за помалку од 10 секунди, тој тренира. Сите тренираме. Ова го правам 30 години. Човекот учи се, се тренира за се. Истиот тим на анестезиолози работи исклучиво со пациенти со Ковид повеќе од една година. Стекнавме многу искуство и многу знаење, но ситуацијата никогаш не била толку сериозна како денес“.
„Ова е втора војна во мојот живот. Не може да се спореди, бидејќи ова е непријател кој е исклучително мал, малиген, склон кон мутации. Вирусот е паметен, се бори со нас. Основниот проблем во целата приказна го гледам во тоа зошто нашите сограѓани не сакаат да се вакцинираат, кога имаме исклучително ефикасно средство за спречување на развој на тешки форми на инфекција со Ковид. Најтешки пациенти кои имаат најтешка клиничка слика се невакцинирани пациенти. Сега откриваме топла вода, а топлата вода беше откриена кон крајот на 18 век кога беше откриена вакцината против сипаници. Несфатливо ми е луѓето од 21 век да немаат доверба во официјалната медицина. Не знам кому му веруваат, кој им го испрал мозокот“, рече Дупланчиќ.
Од денешните бројки, пет проценти од пациентите ќе завршат на респиратор, рече анестезиологот.
„Респираторот не убива. Респиратор ја спасува главата, респиратор лечи и уште нешто сакам да нагласам, луѓе, да не филозофираме, не верувајте во никакви теории на заговор, ајде да се вакцинираме!“, рече тој, пренесуваат хрватските медиуми.
фото: принтскрин N1
