Економија, финансии, бизнис

Контакт

Состојбата во Кина ја урна цената на нафтата

Состојбата во Кина ја урна цената на нафтата

Состојбата со коронавирусот во Кина доведе до поевтинување на нафтата. 

Цените на нафтата се намалија под 105 долари. На лондонскиот пазар цената на барелот беше за 2,08 долари пониска отколку на претходно затворање на пазарот во петокот и чинеше 104,94 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше за 102,24 долари. Затворањето би се одразило врз стопанските активности и нарушување на синџирите за набавка, а ќе наштети на побарувачката на горивата.

Во Шангај на почетокот на јуни е укината блокадата која траеше околу два месеци, но се уште се во сила рестриктивните мерки. Најголемиот кинески град се подготвува за уште една кампања за масовно тестирање.

foto freepik. com

Слично

Поврзани вести